Медалите од машкиот мундијалски слалом за Австријците

64

На слаломот од последниот ден на Светското првенство во алпско скијање во шведски Оре, целосно доминација за натпреварувачите од Австрија. За прв пат во историјата на планетарните собири во слалом, првите три места ги освоија скијачи од иста држава.

Златниот медал го освои Марсел Хиршер кој двете трки ги извози со вкупно време 2:05.86 минути.

Второто место и сребрениот медал се за Михаел Мат со време 2:06.51.

Трет беше Марко Шварц со време 2:06.62 по двете трки.

За Хиршер ова беше седми златен медал од Мундијалите и трет во дисциплината слалом.

Фото: EPA/JEAN CHRISTOPHE BOTT

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...