Меган Рапино ја зеде „Златната топка“ кај жените

68

По освојувањето на наградата за Најдобра фудбалерка на ФИФА за 2019 година, Американката Меган Рапино ја освои и „Златната топка“ кај жените.

Фудбалерката отсуствуваше на церемонијата во Франција, но им се заблагодари на оние кои гласаа за неа преку специјална видео-порака.

– Жално е што не сум таму. Честитки до сите номинирани, не можам да верувам дека победив. Благодарност до моите соиграчки, тренерите, федерацијата што ми дозволија да бидам личноста која сум, на и надвор од теренот. Благодарам на мојата прекрасна девојка Сју. Жал ми е што не можам да бидам со вас. Знам дека е неверојатно, но ќе дадам се од себе за да се вратам следната година – рече Рапино.

Втора заврши Луси Бронз, а Алекс Морган беше трета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...