Меган Маркл ќе биде уредничка во „Вог“: Откриени детали од тајниот договор

Покрај ангажманот како уредник-гостин, Едвард ја убедил Меган да даде и ексклузивно интервју и да направи фотосесија. Од друга страна, пак, таа одбила на страниците на „Вог“ да се појават семејни фотографии за нејзиниот приватен живот да не го одвлече вниманието од темите кои сака да ги потенцира.

2075

Војвотката Меган Маркл се нафати да работи привремено. Таа ќе биде уредник-гостин на септемврискиот број на магазинот „Вог“ во Велика Британија, а деталите од договорот кој се чувал во тајност веќе испливуваат во британските и американските медиуми.

Со нејзиниот ангажман во легендарниот моден магазин, Меган фокусот ќе го насочи кон хуманитарните акции, животната средина и проблемите и правата на жените.

Наводно, да работи на еден број од магазинот, војвотката ја убедила уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, но Меган одлучила предност да му даде на британското издание. Поради тоа, пишуваат медиумите, Винтур му е лута на британскиот уредник Едвард Енинфул.

Покрај ангажманот како уредник-гостин, Едвард ја убедил Меган да даде и ексклузивно интервју и да направи фотосесија. Од друга страна, пак, таа одбила на страниците на „Вог“ да се појават семејни фотографии за нејзиниот приватен живот да не го одвлече вниманието од темите кои сака да ги потенцира.

– Меган ќе напише текст на тема за едукацијата и зајакнувањето на положбата на жената. Едвард ја убедуваше за тоа уште од првиот ден, а Ана е лута што ја пропуштила шансата – изјавил извор за британски „Мирор“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...