Меган Маркл почна да се пораѓа, потврдија од палатата

Британските медиуми пишуваат дека војвотката од Сасекс добила контракции.

838
ФОТО: EPA / Yui Mok / POOL

Најочекуваното бебе на годината само што не пристигнало. Војвотката Меган Маркл добила контракции, потврди Бакингемската палата, јавува Би-би-си. Меган наскоро треба да го роди своето прво дете, кое го чека со британскиот принц Хари.

Бебето на Меган Маркл и принцот Хари ќе биде седмо во редот за британската круна, по принцот од Велс, војводата од Кембриџ и нивните деца – принцовите Џорџ и Луис, принцезата Шарлот како и војводата од Сасекс.

Во официјалната изјава на Бакингемската палата, испратена до медиумите, стои дека војвотката од Сасекс добила контракции во раните утрински часови и дека цело време покрај неа е нејзиниот сопруг, принцот Хари. Информацијата за раѓањето на приновата во кралското семејство Бакингемската палата наскоро треба да ја сподели со јавноста.

ФОТО: EPA/Yui Mok/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...