Војвотката од Сасекс Меган Маркл оваа година на гардероба потрошила околу 250.000 евра.
Иако станува збор за зачудувачки голема сума, во споредба со 2018 година, кога Меган потрошила речиси шест пати повеќе на нејзината облека отколку нејзината јатрва Кејт Мидлтон, нејзините трошоци се речиси двојно помали оваа година.
А, се чини дека Меган била инспирирана од Кејт, која е позната по повторување на облеката и стајлинзите, затоа што и Меган тоа го правела често во текот на 2019 година.
Интересно е и дека речиси половина од парите што ги потрошила за облека во текот на годината одат на едно парче облека. Станува збор за свилениот фустан со боја на слонова коска од „Диор“, кој го носеше за посетата на британската амбасада во Мароко, кој чини 100.000 евра, пишува „Индекс.хр“.
На второ место е полупроѕирниот црн фустан со потпис на модната куќа „Валентино“ со цена од 12.500 евра, кој го носеше на венчавката на нејзината пријателка, британската дизајнерка Миша Нону.