Меган Маркл и Серена Вилијамс се долгогодишни пријателки па војвотката во петокот заминала за Њујорк за да ја поддржи својата пријателка во финалето на УС Опен.
Со оглед на тоа дека Серена неочекувано го изгуби мечот од 19-годишната тениска сензација Бјанка Андреску, многумина за поразот ја обвинија токму Меган.
Имено, обожавателите на тениската легенда се убедени дека војвотката носи несреќа, бидејќи ова не е првпат Меган да сведочи на поразот на Серена.
„Мила Меган, те молам престани да одиш на финалните натпревари на Серена. Ѝ носиш несреќа“, „Меган, многу те сакам. Навистина. Но, дали носиш проклетство?“, „Меган носи несреќа. Прво, Вимблдон, сега УС Опен“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.
На Меган на трибините друштво ѝ правеше сопругот на Серена, Алексис Оханијан, како и уредничката на „Вог“, Ана Винтур.
Да потсетиме, Меган беше во публиката во текот на натпреварот на Вимбалдон, кога Серена беше поразена од Анџелика Кербер.