Меган Маркл уживала во Њујорк по забавата и подароците од блиските за нејзиното бебе.
„Е! News“ објави дека таа допатувала од Лондон за забавата за бебето. Пристигнала во Њујорк во петокот, а последните денови ги поминала гледајќи се со пријатели и шетајќи низ градот.
Таа вечерала со Серена Вилијамс, Џесика Мулрони и Маркус Андерсон, кој наводно ја запознал Маркл со принцот Хари.
Војвотката од Сасекс треба да се породи на пролет. Тоа ќе биде првото дете на Маркл и принцот Хари.
ФОТО: Splash News / E! News