Меган Маркл е бремена, објави Кенсингтонската палата

Меган Маркл и принц Хари ќе станат родители на пролет.

387

По неколку недели шушкање дека војвотката од Сасекс, Меган Маркл, е бремена, официјално се огласила и Кенсингтонската палата.

Според првичните информации, бебето треба да се роди идната година, на пролет. Веста е соопштена во текот на првата заедничка кралска турнеја на Меган и Хари во Австралија и Нов Зеланд.

– Целото семејство е среќно за веста и сите лично им честитаа пред да заминат на нивното патување“ – додаваат извори од палатата – пренесува Мирор.

Досега се шпекулираше за бременоста на 37-годишната Меган, а сега веста официјално е потврдена на денот на свадбата на братучетката на Хари, принцезата Јуџин.

ФОТО: твитер на Кенсингтон палас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...