Меган Маркл го објави стапалото на бебето, милион „лајкови“ за два часа ФОТО

На фотографиите Меган со рака ги придржува малите стапала на својот син Арчи,

791
ФОТО: EPA / Chris Allerton / copyright Susse

Новопечените родители, Меган Маркл и принцот Хари во средата ја испочитувале традицијата кога на светот му го претставија синот Арчи, а фотографиите веќе со денови ги обиколуваат сите светски медиуми.

Сега решиле на обожавателите на кралското семејство да му подарат нова фотографија на својот официјален Инстаграм-профил и сите се воодушевени.

На фотографијата Меган со рака ги придржува малите стапала на својот син Арчи, додека во позадина се гледа цвеќето Myosotis alpestris за кое во една прилика од Кенсингтонската палата рекоа дека тоа било омиленото цвеќе на мајката на принцот Хари, починатата принцеза Дијана.

Фотографијата за неколку часа собра повеќе од милион „лајкови“, а се претпоставува дека е снимена во Фрогмор Котиџ, во кој Меган и Хари живеат.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

ФОТО: EPA / Chris Allerton / copyright Susse

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...