Принцот Хари и Меган Маркл покажаа досега невидена фотографија од својот син Арчи, која се нашла во компилацијата од нивните девет најважни моменти во 2019-та година.
Фотографиите вчеравечер ги објавија како видео, со песната „Clocks“, од музичката група „Колдплеј“.
На една фотографија се гледа како принцот Хари стои пред езеро, а веројатно таа настанала во нивното канадско божикно „скривалиште“ во Ванкувер. Арчи има капа на главата и е облечен во кафена јакна и чизми од овча кожа.
„Чест нѝ беше да запознаеме многумина од вас ширум светот и едвај чекаме да ве запознаеме уште повеќе следната година. Се надеваме дека 2020-та година на секој од вас ќе му донесе здравје и среќа“, напишале Меган и Хари покрај објавата на социјалните мрежи.
Хари и Меган Божик го прославиле со Арчи во дворец вреден повеќе од 14 милиони долари. На одмор далеку од Лондон ќе уживаат дури шест недели.
FOTO: Printskrin