Во британското кралско семејство вчера беше сè во славенички тон. Меган Маркл, војвотката од Сасекс вчера го прослави својот 38. роденден.
На својата убава сопруга, меѓу првите, и тоа преку Инстаграм, ѝ го честиташе принцот Хари, а на честитките им се придружија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
„Среќен роденден на мојата неверојатна сопруга. Ти благодарам што ми се придружи во оваа животна авантура. Те сака, Х“, стои под фотографијата на Меган Маркл настаната на нивната прва официјална посета на Австралија и Нов Зеланд, која за нив има посебно значење, бидејќи токму таму на светот му открија дека очекуваат принова.