МВР ќе прави план за ветинг на своите вработени

575

Владата денеска го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР) најдоцна до 20. август 2019 година да формира Работна група со задача да изготви Предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР и најдоцна до 01. октомври 2019 година да го достави до Владата.

Во Информацијата од МВР наведено е дека процесот на проверка (ветинг) во Полицијата, во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики. Заради креирањето праведна институција, со високи стандарди на интегритет, зголемување на професионалноста на вработените, зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата, обезбедувајќи чесни, кредибилни и посветени полициски службеници, како што е констатирано, неопходно е МВР да подготви нацрт-текст на посебен закон, во којшто ќе се дефинираат сите потребни елементи за ефикасно спроведување на процесот на проверка, односно оценување на вработените во Министерството.

Во меѓуресорската работна група предвидено е да учествуваат вработени во Министерството, претставници од стручната јавност, претставници од Мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници од невладиниот сектор, со задача да се спроведе сеопфатна анализа за тековната состојба, да се утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР врз основа на компаративни искуства и да се изготви предлог закон, заедно со акциски план околу процесот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...