МВР: Ќе му го вратиме пасошот на Јован ако ја одлежал казната

753

Од Министерството за внатрешни работи објаснуваат дека согласно Законот за патни исправи, доколку Основниот суд Скопје 1 достави известување дека казната изречена во пресудата на владиката Јован е целосно отслужена, тогаш одземениот пасош ќе му биде вратен.

„До Одделението за внатрешни работи во Битола беше доставено известување од Основниот суд Скопје 1 дека лицето Јован Вранишковски е осуден на казна затвор од траење од една година и еден месец. Постапувајќи по известувањето, отсекот за управни работи донесе решение за одземање на патната исправа. Битолската полиција на 5 јули годинава се обиде да му го достави решението на Вранишковски, но тој не беше затекнат на адресата на која има пријавено живеалиште. Истиот ден беше доставено известување до Секторот за гранични работи и миграции дека донесено е решение за одземање на пасошот на Вранишковски и дека забраната е внесена во системот на автоматска обработка на податоци. На 10 јули годинава со уредна достава врачено му беше решението на Јован Вранишковски. Согласно Законот за патни исправи, доколку до МВР биде доставено известување од страна на Судот дека казната изречена во пресудата е отслужена, одземената патна исправа ќе биде вратена“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...