МВР ќе издава лични карти и денеска

79

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

„Денеска на денот на референдумот одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...