МВР чека пријава за да го бара фалсификаторот на документот за оставката на Димитров

5615

Министерството за внатрешни работи чека пријава за да истражи дали имало фалсификуван документ за оставката на министерот за надворешни работи Никола Димнитров и кој е фалсификаторот, велат за Плусинфо од МВР.

Од Владата посочуваат дека МНР ќе го пријави случајот во полиција и дека чекаат разврска. Од таму велат дека МНР во демантот дека шефот на дипломатијата Димитров поднел оставка е наведено дека министерството ќе го пријави случајот во МВР.

-Доколку добиеме пријава за фалсификуван документ МВР ќе преземе соодветни мерки – ни изјавија од МВР.

Во некои медиуми излезе веста дека Димитров си поднел оставка, а за тоа дека документот е веродостоен се повикаа на тоа дека тој е печатиран од Владата.

Експресно по  информацијата дека Димитров си поднел оставка со демант реагираше МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...