МВР упати претставка до ЗНМ, СЕММ и АВМУ за информирањето за инцидентот во Волино

1097

Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради информирањето на одредени медиуми за инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино.

Како што соопштија од МВР, претставката е поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување.

„Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација, а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан“, се наведува во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...