МВР тврди дека нема активна потерница за Шаќири, соработникот на Заев

555

МВР за Плусинфо тврди дека нема активна потерница за Џезаир Шаќири, новиот соработник за безбедност и борба против радикализам во кабинетот на Заев .

„Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, согласно член 559 од Законот за кривична постапка(ЗКП), потерници распишува по барање на органот што ја води постапката (Суд , ОЈО или КПУ). Согласно тоа, одговор на сите други прашања поврзани со оваа тема побарајте од надлежниот суд“, одговара МВР на прашање на Плусинфо дали има потерница за Џезаир Шаќири.

Плусинфо со истото прашање се обрати и до Обвинителството, од каде што ни ветија одговор, откако ќе направат увид во предметот, кој како што ни рекоа, бил по стариот ЗКП.

Шакири, на социјалните мрежи мината година објави дека се вратил во својот дом во Скопје и дека последните десетина години се криел по планини како „качак“ затоа што бил принуден да бега поради потерница од дома, но дека бил неправедно гонет од предходниот режим. Шакири, како што пренесоа медиумите на албански јазик, напиша дека очекува од новата власт и премиерот Заев да има еднаков третман како и сите други граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...