МВР: Спасовски-Стефановиќ потпишаа три договори за соработка

129
foto mia

Министрите за внатрешни работи на Р.Северна Македонија и на Република Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје потпишаа билатерални договори меѓу двете влади за отворање заеднички граничен премин Лојане-Миратовaц, за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и против криумчарење мигранти.

Справувањето со организираниот криминал и облиците на тероризам, кои важат како предизвици во денешно време за најсериозен проблем со кое се соочува секое општество, како и хибридните закани, биле меѓу темите за кои разговарале на денешната средба министрите за внатрешни работи на двете држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...