МВР со демант до синдикатот: Се вложува во подобрување на условите и стандардите за работа

51

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите и лажните вести изнесени во денешната прес конференција на “Независниот синдикат на полицијата“, со кои тенденциозно се обидува на јавноста да ѝ се претстават состојби кои се далеку од реалноста, соопштија денеска од МВР.

Во изминативе две години актуелното раководство на МВР континуирано работи на подобрување на затекнатите состојби во кои што беа полициските службеници. Интензивно се вложува во подобрување на условите и стандардите за работа, користејќи ги сите објективни капацитети и можности што се на располагање. Јавноста континуирано има можност директно да биде запознаена за сето ова, а тоа ќе го правиме и во иднина промовирајќи го подобрувањето на условите за работа на полициските службеници низ целата држава и во сите организациски единици, соопштија од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...