Министерството за внатрешни работи потврди дека пред еден час во кругот на Министерството се запалило специјално возило „пинцгауер“ .
Според МВР, засега се непознати причини како било запалено возилото кое се наоѓало на бензиската пумпа.
Од страна на полицијата и брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот е изгаснат.