МВР се намерачи да стави крај на дивите трки во Скопје

423

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска бригада“.

– И изминатата ноќ  од 22.30 часот до 1 по полноќ беа извршени контроли и притоа биле регистрирани 21 прекршок за кои се издадени 21 платен налог на прекршителите.  Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка – информира МВР.

Во претходната две акции беа регистрирани 38 прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје и во наредните денови ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...