МВР порачува да не ја вовлекуваат полицијата во случувањата во ИВЗ

333

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатиле во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa, наведуваат во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...