МВР: Не е спорно што „Дурмо турс“ вршел технички преглед во своја фирма

532

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите. Според МВР, спорно би било доколку станицата за технички преглед врши проверка на сопствените возила, односно ако тие се од иста фирма.

Ваквите одредби оставаат можност две различни фирми, но со ист сопственик, да можат да поседуваат возила преку едната фирма, а да им вршат технички преглед на истите преку друга фирма.

– Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице „АМЗ Гостивар“ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице – велат од МВР за „Макфакс“.

Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, со ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...