Во одговор на полемика на Фејсбук, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, соопшти дека организатор на настанот во Крушево е претседателот Ѓорге Иванов, а не Владата или локалната власт.
На прашањето кој бил задолжен за обезбедување на настанот и за контраразузнавачките информации, со оглед на фактот што било најавено присуство на високи странски дипломати, на чело со Метју Палмер, заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Бошњаковски потврди дека МВР прави безбедносна проценка, која потоа ја доставува до организаторот.