МВР: Набавката на униформи е во тек и ќе продолжи годинава

МВР информира дека дел од униформите веќе се набавени дел се во тек на евалуација или во процес на доделување на набавката.

254

Министерството за внатрешни работи по обвинувањата дека  не се грижи за стандардот на вработените соопшти дека во Планот за јавни набавки за 2018 година се предвидени вкупно 18 постапки за набавка на униформа и делови на униформа.

МВР информира дека до сега е набавена униформа за припадниците на ЕСЗ за урбани средини, комплет униформа за рурални средини, ремени за сите полицајци, како и комплет униформа за воздухопловниот персонал.

„Исто така потпишани се договори за набавка на зимски панталони и здолништа во вредност од 13.947.600 денари со ДДВ, кожни ракавици за сите припадници на полиција во вредност од 11.112.650 денари со ДДВ, како и наменски ракавици за сообраќајна полиција кои ќе бидат испорачани до крај на месец октомври во вредност од 552.851 денари со ДДВ“, соопшти МВР.

Од МВР информираат и дека во фаза на евалуација се постапките за набавка на високи специјални чизми со планирана вредност од 30.000.000 денари без ДДВ и џемпери за припадници на МВР со планирана вредност од 10.000.000 денари без ДДВ,што претпоставува дека ќе се склучат договори за испорака на 7.000 пара чизми и 7.000 парчиња џемпери до крајот на годината.

„Постапките за набавка на виндјакни со планирана вредност од 45.000.000 денари без ДДВ, вратоврски-3.000.000 денари; кошули со долги и кратки ракави- 1.200.000 денари; маици со кратки ракави- 4.000.000 денари и „БК“ капи летни и зимски – 8.000.000 ден. (по 7.000 пара/парчиња од секој вид летни и зимски, потребна количина за сите припадници на полицијата) беа објавени и поништени бидејќи немаше ниту една понуда која во целост ги исполнуваше барањата од Правилникот за составот, квалитетот и кројот на униформата и ознаките на униформата на полицијата“, стои во информацијата

Истовремено,велат од МВР, во тек е постапката за набавка на летни, зимски и свечени чевли (вкупно 21.000 пара) со вкупна планирана вредност од 21.000.000 денари; опасачи со вкупна планирана вредност од 17.500.000 ден. Планирани се и набавки на теренска униформа со вкупна вредност од 42.000.000 за 7.000 комплети (кошула, панталони, капа), свечена униформаза 3.000.000 ден; набавка на амблеми и ознаки на чинови за 8.000.000 ден., униформа за ЕБР и ПЕП во вредност од 136.000.000 денари и работно заштитна облека за работниците во специјални служби во вредност од 30.000.000 денари.

„Со цел задоволување на итните потреби од основна униформа на 1.200 нововработени припадници на полиција кои поради недостиг од униформа ја користат работната униформа од обуките, во итна постапка набавени се и испорачани по 1.200 пара/парчиња маици со кратки ракави, кошули, кратки јакни, вратоврски, и во секој момент се чека испорака на чевли и опасачи, по што истата ќе биде поделена на нововработените полицајци. Вредноста на оваа набавка изнесува 14.000.000 денари со ДДВ“, додаваат од МВР.

Од МВР тврдат дека сите набавки се планирани со однапред обезбедени средства од Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2018 година, и се спроведени во првите шест месеци од тековната година.

– Согласно Планот за јавни набавки на МВР за 2018 година, јавните набавки ќе продолжат и во следните месеци, со цел обезбедување на потребната униформа и опрема за полициските единици- велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...