МВР: Контроли се вршени во Автомото здружението Гостивар и во другите правни лица со ваква дејност

256

Министерството за внатрешни работи вршело контроли и во Автомото здружението Гостивар, како и во другите правни лица што вршат ваква дејност. Ова го истакнуваат од МВР, отфрлајќи го како дезинформација изнесеното на прес-конференција од партијата ВМРО-ДПМНЕ во врска со контролите во Автомото здружение Гостивар.

– На 04.04.2018, согласно програмата за работа на Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, извршена е редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и утврдени се недостатоци и  пропусти во работењето, односно утврдено е дека не се обезбедува видео запис од возила што извршиле технички преглед, што е спротивно на чл. 8 од Правилникот за технички преглед на возила и поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка – Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена. Правното лице го отстранило недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка. Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15.8.2018 е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови, појаснуваат од МВР.

Апелираат до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...