МВР и Општина Битола со нови сообраќајни решенија за поголема безбедност ВИДЕО

143

Претставници на Министерството за внатрешни работи и на Општина Битола заеднички ќе изработат нови сообраќајни решенија за подобрување на сообраќајот на неколку локации во градот, со цел да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Ова е еден од заклучоците на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и битолската градоначалничка Наташа Петровска, што се одржа во Битола.

На средбата била потенцирана добрата соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа.

– Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола е стабилна и евидентно е намалувањето на криминалитетот, што е тренд во последните неколку години. Од друга страна, расте откривачката дејност односно расчистувањето на кривичните дела. Намалување има и во делот на сообраќајни незгоди со потешки последици и тоа за 11 отсто кога ќе се споредат првите девет месеци од 2019 и 2018 година, а дури 55 отсто во бројката на загинати лица во сообраќајни несреќи. Новите сообраќајни решенија, особено на влезот на Битола и во близина на касарната, треба да донесат дополнително намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици – соопшти денеска МВР.

Министерот Спасовски и градоначалничката Петровска ја потенцирале важноста од соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа со цел да се подобри квалитетот на живеење, особено ако се има предвид дека целта на полицијата е да се етаблира како реален сервис на граѓаните и постојано зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...