МВР истражува дали градоначалникот Курто Дудуш малтретирал маж во својата канцеларија

662

Полицијата ќе го истражува случајот со објавената снимка наводно за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш во која се слуша дека маж за кого се тврди дека наводно е градоначалник на скопската општина малтретира машко лице затоа што го опцуло.

Обвинителството нема оворено предмет, а реакции има од партиите. Во соопштение СДСМ бара одговорност и осуда за насилството.

„Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредости кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, велат од СДСМ.

Опозицијата го осуди инцидентот и го нападне премиерот Зоран Заев дека толерира насилство. Градоначалникот Курто Дудуш за некои медиуми демантира дека малтретирал човек, вели дека снимката е монтирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...