МВР доби две теренски возила „нисан навара“

1654

Делегацијата на Европската унија во Скопје и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска на Министерството за внатрешни работи му донираа две теренски возила марка „нисан навара“ опремени со сет на системот track’n’go, соопшти МВР.

– Со донацијата се зајакнуваат капацитетите на тимовите за интервенција и се подобрува одржувањето на телекомуникациските системи на МВР. Возилата се опремени со специјална опрема која се користи за тешко пристапни локации и во лоши временски услови. Министерот Оливер Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи се заблагодари на донацијата, потенцирајќи ја одличната соработка со Делегацијата на ЕУ и ИОМ, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...