Министерството за внатрешни работи го укина полициското обезбедување за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Неофицијално, надлежните по направените безбедносни проценки оцениле дека повеќе нема потреба од обезбедување од редовите на полицијата.
Екс шефот на тајната полиција имаше полициско обезбедување повеќе од три години односно откако во мај 2015-та си поднесе оставка од директорската функција. За обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила.
ФОТО: Слободен печат/Борче Поповски