МВР во рација фати осум бегалци кои треба да лежат затвор

673
Фото: МВР

МВР соопшти дека криминалистичката полиција во соработка со прилепските полицајците уапсиле осум лица кои се барале за издржување на затворски казни.

Претходно тие имале изготвено план по кој ја спровеле акцијата, а лицата кои ги фатиле биле со потерници и наредби од судови во подрачјето на Прилеп.

Според евиденцијата во МВР, петмина од уапсените треба да одлежат затвор во Прилеп: М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци; Ј.С. (25) три месеци; како и тројца други на возраст од 42, 43 и 67 години за казни од по шест месеци.

Другите тројца уапсени ќе завршат во Идризово: 37-годишните А.А. и Б.Г. за седуммесечни казни и нивен врсник со иницијали С.М. за едногодишна казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...