МВР: Во МНТ е влезено по налог на Јавното обвинителство

242
20130531 Friday 1112 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Во Македонскиот народен театар (МНТ) е постапувано по налог на Јавното обвинителство, изјавија од Министерството за внатрешни работи, од каде не соопштуваат повеќе детали бидејќи станува збор за претдкривична постапка.

– По налог на Јавно обвинителство, од страна на Одделот за организиран криминал е постапувано во МНТ. Бидејќи станува збор за преткривична постапка во интерес на истрагата не може да се соопштат повеќе детали, велат од МВР за МИА.

Сомневањата се дека во периодот од 2015 до 2017 година во театарот се извршени злоупотреби од страна на претходното раководство предводено од директорот Дејан Пројковски.

Од Одделот за организиран криминал постапуваат по пријава на Министерството за култура, откако сегашната в.д. директорка на МНТ Симона Угриновска побарала да се изврши ревизија на работењето на претходниот директор.

Пројковски беше директор на МНТ од 2015-2017, а претходно четири години беше уметнички директор. Сега е вработен како режисер во МНТ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...