МВР по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал влегле во фондот за иновации, дознава Телевизија 24 од извори во фондот.
Според истите извори барале докуметнти околу скандалот со државни грантови за функционери во Владата.
Директорот на фондот за инвации, Јован Деспотовски за тв 24 потврдува дека денеска МВР влегла во институцијата и барала комплетна документација за грантовите што се делени преку институцијата, Деспотовски посочува дека дел од документацијата ја доставиле до МВР уште денеска а за останатиот дел допонително треба да се напратват копии верни на оригиналот и истите ќе бнодат доставени до МВР.
Јавното обвинителство во понеделникот по допрен глас отвори постака за доделувањето на државна помош на фирмата Катинвест, чиј коспотвеник е вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Грантови добиле и фирмите на пратеникот Хари Локвенец и на снаата на советничката Цветканка Ласкова.