МВР: Велешанин изгоре во пожар во сопствената куќа

Куќата која изгоре е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите

266

МВР потврди дека лицето кое загина во пожарот ноќеска во велешката населба Варналиите е нејзиниот сопственик Миле Паунов.

Како што соопшти МВР синоќа во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на улицата Јован Алабаков настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа. Пожарот бил изгаснат.

Куќата која изгоре е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век, каде што режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...