МВР: Бројот на повредени во несреќата е 39 лица

304

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен излезе со информации за вчерашната несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци. Во него, полицијата официјално ја потврди точната бројка на повредени – 39.

Бројот на загинати официјално е 14, иако излегоа шпекулации дека уште едно лице подлегнало на повредите.

Патниците се хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово.

Увидот од страна на јавен обвинител и СВР Скопје е во тек, но сообраќајот во моментов е пуштен во употреба.

Автобусот на Дурмо турс сообраќал на релација Скопје-Гостивар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...