Министерството за внатрешни работи се обратило до апликацијата Телеграм да ја затвори групата „Јавна соба“, на која, меѓу другото, се споделуваат детска порнографија и искуства од користење наркотици.
По вревата што се крена во текот на викендот во јавноста, како што јавуваат медиумите, групата „Јавна соба“ е намалена од 7.400 на нешто над 4.000 членови. Групата е надвор од контролата на администраторите и постои опасност таа да се пренесе на друга апликација на интернет.
Се очекува наскоро да се соопшти дали и какви мерки ќе се преземат против лицата што ја отвориле и ја администрирале групата на Тееграм, чии што содржини ја вознемирија македонската јавност.
Илустрација: pixabay.com