МВР апелира да не се употребуваат пиротехнички средства, казните се до 500 евра

66

Министерството за внатрешни работи објави денеска соопштение во кое апелира до граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства, што е зачестена појава во пресрет на новогодишните празници.

„МВР ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Министерството потсетува декла неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се  нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје“, додава МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...