Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да си ги подигнат личните карти, бидејќи 35.000 лични документи чекаат да бида подигнати.
– Апелираме граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството (онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи) и да си ги подигнат. Во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните – велат од МВР.