Мбапе нема да игра на три натпревари

73

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација го дисквалификуваше напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе на три натпревари, информира прес-службата на организацијата.

Дваесет годишниот фудбалер ја доби оваа казна поради директниот црвен картон во финалето на францускиот куп против Рен (2:2).

Дисквалификацијата важи и за натпревари од француската Лига 1.

Така, Мбапе нема да игра со Ница, Анжи и Дижон.

Исто така е објавено дека комитетот отвори постапка против вториот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, кој удри еден од навивачите при качувањето кон свечената ложа по завршувањето на натпреварот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...