Мбапе најмлад Французин кој одиграл 30 натпревари за националниот тим

59

Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во француската репрезентација со одиграни 30 натпревари. Тој синоќа на дуелот со Исланд (4:0) го одигра 30-от натпревар за триколорите на возраст 20 години и три месеци.

Претходно Карим Бензема беше најмладиот во францускиот национален фудбалски тим со 22 години и девет месеци.

Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, на возраст од 18 години и 95 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...