Заради дефект на оглица на водоводна мрежа со пречник 125 мм на ул. Маџир Маало бр. 37, утре (24. декември) без водоснабдување ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало во Општина Центар.
Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.