Мајсторе задна, дете падна!

975

Дванаестгодишно момче од селото Амзабегово, Светиниколско, при влез во автобус паднало и тешко се повредило, вчера утро околу 07 часот, соопшти МВР.

Автобусот „ивеко“ со штипски регистарски ознаки бил управуван од Ш.Ѓ. (62) од Свети Николе.

Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била сѐ уште отворена и момчето паднало. По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...