На денешната вонредна седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја одобрија Одлуката за давање на согласност на правилникот за поблиските услови, начинот на продажба на сопствени производи и услуги на ЈУОДГ „ Мајски Цвет“. Со тоа се овозможува од оваа карпошова детска градинка да се врши подготовка и достава на храна за децата во детската градинка „Мини Фини Буџетчиња“, којашто е отворена во Министерството за финансии за згрижување на децата на нивните вработени, информира Општинатса.
.