Страшни видео снимки и фотографии од измачувани мајмуни и кучиња се појавија на интернет. Наводно, станува збор за нешто што се случувало во германска лабораторија, пренесува „Метро“.
Видеата и фотографиите беа објавени од активисти за заштита на правата на животните, кои бараат промена на закони во Европската унија и Велика Британија.
Во лабораторијата се мачеле кучиња од расата beagles, мајмуни, мачки и зајаци.
Според работник, животните биле оставени да преживуваат во грозни услови. На кучињата им се ставале цевки во грлото и им биле давани капсули, по што биле оставени да се мачат и често крвареле по експериментите.
– Животните дури уште мавтаа со опавчињата кога ги носеа да бидат убиени, кучињата беа очајни за човечки допир – вели Фредерик Мулн од организацијата „Soko Tierschutz“.
Но, уште полош третман добивале мајмуните. Дури и вработените биле насилни кон животните.
Мачките добивале и до 13 инјекции на ден. Активистите го пријавиле случајот во полиција и истрага е започната.
Според активистите, законите во Германија не се доволно строги. Тие бараат да се засилат законите.
Лабораторијата се нема огласено за случајот.
ФОТО: Cruelty Free International / Метро