Мајли Сајрус ја прекина врската со љубовницата

Одлучиле повеќе да не бидат во романтична врска и тоа затоа што пријателската врска која ја имаат им е многу посилна.

375

Кога јавноста дозна дека пејачката Мајли Сајрус и Кејтлин Картер се во врска, тие две станаа речиси најследените девојки на планетата.

Каде и да се појавеа – папараците ги ловеа, а тие не се трудеа ниту да ги игнорираат, уживајќи една покрај друга.

Меѓутоа, како што пишуваат масовно странските медиуми сега, тие две сепак одлучиле повеќе да не бидат во романтична врска и тоа затоа што пријателската врска која ја имаат им е многу посилна.

„Секако дека ќе останат блиски, но само како пријателки“, раскажал извор за „Пипле“.

„Тие многу време се дружат и од почетокот беа една покрај друга додека траеше разделувањето. Но, едноставно повеќе не се во љубовна врска“, раскажал друг извор.

Да потсетиме, Мајли после 8 месеци брак и 10 години врска, го остави актерот Лиам Хемсворт, а Кејтлин раскина со Броди Џенер. Броди е Ди-џеј и познато ријалити лице, син на Кејтлин Џенер, претходно познат како Брус Џенер – пензиониран добитник на златен медал на Олимписките игри.

Мајли и Лиам наводно раскинале поради различни планови за иднината. Актерот сакал семејство, но Мајли сè уште немала такви планови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...