Мајли Сајрус откако ја „шутна“ љубовницата, му испрати жестоки пораки на поранешниот

Мајли избега од сите проблеми и замина на одмор. Го избра одморалиштето „Амангири“.

1191
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Славната пејачка и актерка Мајли Сајрус неодамна се разведе со згодниот актер Лијам Хемсворт, а набргу потоа беше фатена ккао разменува нежности со Кејтлин Картер на италијанското езеро Комо.

Но, романсата не траеше долго, па Мајли ја „шутна“ блогерката и одлучи сè да остави зад себе.

Имено, Мајли избега од сите проблеми и замина на одмор. Го избра одморалиштето „Амангири“ и се пофали со полуголи фотографии на Инстаграм. Позирајќи провокативно, испрати интересни пораки прво до Лијам…

„Јас сум поголем маж одошто ти некогаш ќе бидеш и поголема жена од жената што ќе ја имаш“, напиша Мајли.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...