Мајли Сајрус без срам ги прошета голите гради ФОТО

На себе носела црни панталони и бела блуза во облик на елек, со длабоко деколте, која се врзува позади.

1068
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Контроверзната пејачка Мајли Сајрус (27) дефинитивно умее да го привлече вниманието на јавноста и да стане топ-тема на социјалните медиуми. Па така, ако помисливте дека ќе се „смири“ покрај младиот пејач Коди Симпсон (22), со кого е во врска по аферата со блогерката Кејтлин Картер (30), поради која се шпекулира дека се разведе со актерот Лијам Хемсворд (30), се излажавте. За Мајли повторно се зборува и пишува, а еве зошто!

Имено, по провокативните и перверзни фотографии кои таа и Коди ги објавуваат на Инстаграм, Мајли се прошета пред насобраните фотографи, кои ја чекаа пред хотелот во кој се врати по ревијата на Марк Џејкобс на која и самата прошета како модел, во склоп на Модната недела во Њујорк. И имаа зошто, затоа што Мајли им даде „добар“ материјал…

На себе носела црни панталони и бела блуза во облик на елек, со длабоко деколте, која се врзува позади. Мајли самата ги објавила фотографиите на својот Инстаграм-профил, а покрај нив напишала фановите да побрзаат да ги погледнат пред Инстаграм да ги избрише контроверзните фотографии.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...