Мајкл Џексон не е веќе најтиражниот музичар на сите времиња, еве кој е на музичкиот трон

1787

Компилацијата на најголемите хитови на Иглси го претрка „Трилер“ на Мајкл Џексон како најопрдаван албум на сите времиња, според податоците на дискогравското здружение.

„The Eagles Their Greatest hits“ 1971-75, компилација е на првите четири албуми на кантри-рок групата и продадена е во 38 милиони примероци, претркувајќи ги така „Трилеровите“ 33 милиони. Таа плоча била најпродавана во 2009 година кога ја претрка „Трилер“ на која и се зголеми продажбата по смртта на Мајкл Џексон.

Новиот систем на рангирање вклучува физичка продажба на албуми и стриминг, кои порано не бил вклучен во калкулацијата.

– Им благодариме на своите семејства, на нашите менаџери, на тимот, луѓето во радијата и најмногу на верните обожуватели кои останаа со нас низ сите успеси и падови во изминатите 46 години. Беше тоа возење за паметење – изјавил Дон Хенли, соосновач на Иглси во изјавата која ја пренесува Ролинг Стоун.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...