Поранешниот адвокат на американскиот претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен на 8 февруари ќе сведочи на затворено сослушување пред Одборот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот, објави претседавачот на Одборот, демократскиот конгресмен Адам Шиф.
Коен, кој во март треба да замине на отслужување затворска казна, бидејќи се изјасни за виновен за кривични дела кои вклучуваат кршење на правилата за финансирање кампања за време на изборите во 2016 година, изрази загриженост поради наводните закани што Трамп ги упатил кон неговото семејство.
– Коен му пренесе на Одборот легитимна загриженост за сопствената безбедност, како и за безбедноста на неговото семејство, која е засилена со недолични коментари од страна на претседателот и неговиот адвокат – рече Шиф.
ФОТО: EPA / SHAWN THEW