Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг му подари 1,8 милијарди долари за Универзитетот „Џон Хопкинс“, што е најголема донација кога било дадена на една американска образовна установа.
Во статија за „Њујорк Тајмс”, 76-годишниот Блумберг вели дека го сторил тоа со цел да се олесни приемот на млади со ограничени финансиски можности, но со голем потенцијал. Тој и дипломирал на истиот универзитет 1964 година.
– Сите универзитети, со чест на исклучоците, при разгледување на студентските пријави, најмногу внимание обрнуваат на тоа дали кандидатот може да плати. Така, оние кандидати со висок потенцијал, но од семејства со ниски или средни примања, редовно се соочуваат со одбивање, за да им отстапат место на студенти од семејства со повисоки примања – посочи Блумберг.
Раководството на „Џон Хопкинс” соопшти дека донацијата од речиси 1,8 милијарди долари ќе овозможи стипендии за многу студенти со ниски и средни примања.